Медиум: Европа треба да се чува од Турција

Европа би требало да се чува од заеднички аранжмани со Турција кои ги загрозуваат принципите на кои почива интеграцијата во ЕУ, истакнува американскиот магазин „Национален интерес“.

Европа спроведува апсурдно сценарио: договорот за мерките за борба против миграцијата, во рамките на кој Европската унија ќе издвои три милијарди евра за Турција и интензивни преговори за членство најверојатно ќе го поттикнат користољубието на претседателот Реџеп Таип Ердоган, пишува „Национален интерес“.

Европа би требало да се чува од заеднички аранжмани со Турција кои ги загрозуваат принципите на кои почива интеграцијата во ЕУ, се истакнува во текстот. Необично е како ЕУ под притисокот на кризата толку лицемерно можеше да ги затвори очите пред многубројните кршења на човековите права од страна на Анкара и да се согласи на барањата на Ердоган.

Во контекст на објавените извештаи за турските испораки на оружје за џихадистите во Сирија и податоците на Москва за нафтените махинации на Анкара не е јасно како конкретно Турција може да помогне во решавањето на кризата која токму таа ја поттикнува. И овој договор добива сосем апсурден пресврт по инцидентот со соборувањето на Су-24. Додека Турција искажа воена агресија спрема Русија, која како одговор на терористичките напади во Париз ја интензивира борбата против „Исламската држава“ во Сирија, лидерите на ЕУ очекуваат ефикасна соработка со Ердоган, истакнува магазинот.

Против овој проект најпрвин одлучно истапија лидерите на земјите од Источна Европа. Така, премиерот на Унгарија Виктор Орбан изјави: „Ние не сакаме преговорите со Турција да станат причина да се смета дека Анкара е нашата последна надеж за спас“.

Меѓутоа, ако им веруваме на зборовите на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, Европа навистина нема друга можност освен да склучи договор со земја чии принципи и цели во текот на целата нејзина историја значително се разликуваат од европските, заклучува изданието.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња