Американски социолози: Путин го поддржуваат 81% од руските граѓани

Според мислењето на Западот, деновите на Владимир Путин како претседател би требало да се одбројани: вредноста на рубљата е преполовена, економијата е во криза, а украинската криза Русија ја претвори во меѓународен изгнаник, истакнува агенцијата „Асошиејтед Прес“.

Најновото социолошко истражување кое во Русија го спроведоа агенцијата „Асошиејтед Прес“ и американскиот Национален центар за проучување на јавното мислење без сомнение ги шокираше Белата куќа и американската елита.

Анкетата покажа дека 81% руски граѓани го поддржуваат претседателот Владимир Путин. „Според мислењето на Западот, деновите на Владимир Путин како претседател би требало да се одбројани: вредноста на рубљата е преполовена, економијата е во криза, а украинската криза Русија ја претвори во меѓународен изгнаник. Меѓутоа, мнозинството руски државјани го гледаат Путин не како причина, туку како решение на проблемот“, истакнува агенцијата „Асошиејтед Прес“, коментирајќи ги резултатите од истражувањето, пренесува „Росијскаја газета”.

Американските социолози се потрудиле да бидат максимално објективни. Соопштија дека анкета е спроведена од 22 ноември до 7 декември, т.е. во периодот „кога рубљата почна постепено да губи на вредност“. А „Асошиејтед Прес“ исто така укажува и на тоа дека поголемиот дел од испитаниците ја поддржува цврстата политика на рускиот претседател спрема САД и Западот, неговиот пристап за јакнење на вооружените сили и влезот на Крим во состав на Руската Федерација.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња