Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова ги нарече изјавите на амбасадорот на ЕУ во РФ Вигаудас Ушацкас „оригинални, но малку противречни една на друга“, пренесува РИА „Новости“.
„Последниве неколку денови постојаниот претставник на ЕУ во РФ Вигаудас Ушацкас даде низа оригинални, но малку противречни една на друга изјави“. Прво предложи Русија да постапи пријателски и да ѝ отпише 20% од долгот на Украина. А веќе следниот ден изјави дека нема да се случи укинување на санкциите за Русија: „Не треба да се очекуваат новогодишни подароци“, напиша Захарова на својата Фејсбук--страница во петокот.
„Излегува забавно: своите пари што ѝ ги даде на Украина како долг, Русија треба пријателски да ги подари, а на „подарок“, во вид на укинување на незаконските санкции, всушност, поради тоа што Киев не ја спроведува „Минската спогодба“ не може да се смета“. Притоа „новогодишни подароци“ во вид на милионски транши му се даваат на Киев цела година. Малку смисла има во нив – веројатно, не ги подаруваат од сѐ срце“, пишува портпаролот на МНР РФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче