Во водите на Баренцовото море успешно беше лансирана балистичката ракета „Синева“ од стратешката атомска ракетна подморница „Верхотурје“, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана, пренесува РИА „Новости“.
Ракетата е лансирана од подморницата од подводна позиција, нагласува МО РФ. Параметрите на траекторијата на летот на „Синева“ се изведени стандардно. Според потврдените информации, боевите делови на ракетата стигнале на зададеното подрачје на полигонот Кура на полуостровот Камчатка, соопшти прес-службата.
Ракетата е лансирана во рамките на проверката на готовноста на поморскиот систем за стратешко нуклеарно задржување.
За подморницата „Верхотурје“ ова беше дваесет и седмото по ред успешно лансирање на балистичка ракета.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче