МНР РФ: Договорите треба да се почитуваат

МНР РФ истакнува дека Москва е подготвена да ја продолжи работата во рамките на Меѓународната група за поддршка на Сирија со учество на сите членови без исклучок.

Москва со чудење ја прими информацијата за итно свикување на „групата пријатели на Сирија“ на 14 декември, изјавија од МНР РФ по средбата на сириската опозиција во Ријад, пренесува ТАСС.

По средбата, „специјалниот пратеник на Генералниот секретар на ООН за Сирија Стефан де Мистура, во согласност со задачата од Меѓународната група за поддршка на Сирија (МГПС) треба во најскоро време да ги сведе заклучоците на сите „платформи“ и да предложи како што следува балансиран состав на репрезентативна делегација од опозицијата за воспоставување стабилни преговори со претставниците на владата на Сирија, како што тоа го бараат одредбите од Женевското коминике од 2012 година и документите на МГПС од 30 октомври и 14 ноември“.

Од МНР РФ потенцираат дека таа задача му е доверена токму на специјалниот пратеник на ООН. „Затоа не можеме да се согласиме со обидот на групата што се состана во Ријад за присвојување на правото да зборува од името на целата сириска опозиција“, додаваат од министерството.

Истовремено се истакнува дека Москва е подготвена да ја продолжи работата во рамките на Меѓународната група за поддршка на Сирија со учество на сите членови без исклучок.

Министерството укажува дека „сите учесници на МГПС го потпишаа клучниот принцип: само сирискиот народ може да решава за судбината на Сирија. Договорите треба да се почитуваат“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња