„Во моментов се вршат тестирања на дронот кој може да извршува како разузнавачки функции, така и јуришни. Тестирањата привршуваат“, изјави изворот, пренесува ТАСС.
Товарот што ќе може да го носи леталото ќе изнесува околу 250 кг, истакна изворот.
На колегиумот на Министерството за одбрана на РФ, министерот за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека искуството од исполнувањето на борбените задачи во Сирија покажало дека беспилотните летала се незаменливи во текот на борбените дејствија.
„Ако во 2011 година во Вооружените сили имаше само 180 системи, во моментов имаме 1720 современи беспилотни летала“, истакна тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче