Склад со хемикалии и уште три петкатни згради, според прецизираните податоци, гореа во Тушинскиот машински завод на северозападот на Москва, соопшти во петокот МВС Русија, а пренесува РИА „Новости“.
Во 20:42 часот во четвртокот настана пожарот во фабриката, во 00:15 часот во петокот пожарот беше локализиран, а во 01:36 веќе беше изгаснат. Вкупната површина зафатена од огнот изнесува 15 илјади квадратни метри. Според податоците на МВС РФ, настрадани нема.
Во гаснењето на пожарот учествуваа 232 пожарникари и 74 единици техника.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче