Захарова: Терористите од ИД сакаат да отворат втор фронт во Авганистан

Русија апелира на сериозен однос спрема можното „прелевање“ на терористичката закана од Авганистан во земјите на Централна Азија“, потенцира МНР РФ.

Терористичката група „Исламска држава“ има намера да отвори „втор фронт“ во Авганистан за демонстрација на воените успеси, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова, пренесува ТАСС.

„Кога Русија почна со решително воено искоренување на ИД и сличните терористички организации на територијата на Сирија, делумна преориентација кон Авганистан, како што се чини, може да ѝ овозможи на ИД да се покаже, како и претходно, како ефикасна воена структура која отворила, може да се каже, „втор фронт“ и покрај офанзивата од страна на антиидиловските сили во регионот на Блискиот Исток и Северна Африка“, истакна таа.

Захарова исто така изјави дека Русија апелира на сериозен однос кон можното „прелевање“ на терористичката закана од Авганистан во земјите на Централна Азија.

„Потребно е со сета сериозност да се разгледува сценариото за спречување на „прелевањето“ на терористичката закана надвор од границите на Авганистан, дотолку повеќе што едно од привлечните парчиња за терористите се териториите на нашите соседи и партнери, државите во Централна Азија“, изјави Захарова.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.