Русија почна со испорака на јаглен за Украина

Испораките на јаглен за Украина стартуваа откако во средата претседателот Владимир Путин наложи обнова на испораката на јаглен за таа земја, изјави во четвртокот министерот за енергетика на РФ Александар Новак.

Испораките на јаглен за Украина стартуваа откако во средата претседателот Владимир Путин наложи обнова на испораката на јаглен за таа земја, изјави во четвртокот министерот за енергетика на РФ Александар Новак, соопштува „Интерфакс“.

„Вчера претседателот наложи обнова на испораките. Јагленот веќе се испорачува до претпријатијата што го користат“, изјави Новак.

Русија ја прекина испораката на јаглен за Украина како одговор на прекинот на снабдувањето со електрична енергија на Крим. Во средата профункционира една од линиите за пренос на електрична енергија од Украина за Крим.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња