Москва смета дека коалицијата предводена од САД симулира борба против терористичката организација „Исламска држава“, а нејзината позиција е исполитизирана, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.
„За жал, нашите процени остануваат како и претходно, не се утешни. Можеме да констатираме дека коалицијата повеќе симулира борба против ИД и реалните терористи и дејствува врз база на својот исполитизиран пристап кој во оваа ситуација е во спротивност со меѓународното право“, рече Захарова на денешниот брифинг за новинарите, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче