ЦИА ја предупредила Турција за опасност од терористички напади врз Руси

Централната агенција за разузнавање (ЦИА) ја предупредила Анкара дека тројца Палестинци подготвуваат насилни акции против руските туристи во Турција.

Турското МВР испратило соодветно предупредување до сите полициски единици во 81 провинција во земјата, пишува „Взгљад“.

Според информациите на ЦИА, Палестинци, како и уште еден бомбаш-самоубиец од терористичката група „Исламска држава“ имаат врска со терористичкиот напад врз авионот А-321 над Синајскиот полуостров.

На почетокот на декември Тајланд побара од својата полиција да преземе мерки за засилување на обезбедувањето на местата во кои традиционално одмораат руските туристи. Во документот на полицијата беше нагласено дека прашањето за безбедноста на Русите во „овие места предизвикува загриженост кај раководството на Русија“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња