Во градот Апатити во Мурманската област во Русија, полицијата почна со проверка на видео-снимките на кои возач на автомобил со своето возило влече човек на сноуборд, пренесува „Авторамблер“.
Како што соопшти портпаролот на сообраќајната полиција за Мурманската област Марина Шихова, во тек е утврдување на идентитетот на сите лица кои се појавуваат на снимката. Иако самиот љубител на екстремните спортови носи маска, а лицето на возачот не се гледа, полицијата тврди дека според споредните знаци може да се утврди идентитетот на сите лица.
Полицијата смета дека возачот ги прекршил правилата за превоз на патници, за што може да плати казна до 1000 рубли (околу 13 евра), а доколку сноубордерот по ова возење и падот што го доживеа се обратил до медицинска установа за помош, возачот би можел да остане и без дозвола.
Видеото можете да го погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче