Портпаролот на Министерството за одбрана на РФ генерал-мајор Игор Конашенков ги демантираше написите во медиумите за изградба на нова руска авио-база во Сирија, пренесува РИА „Новости“.
Според неговото мислење, странските медиуми прават обиди со различни гласови за да го оттргнат вниманието на јавноста од проблемите.
„Најпрвин се појави информација во еден кувајтски весник, за кој ретко кој знае, пренесена од агенцијата Ројтерс, за наводно отворање на нова руска авио-база во близина на населеното место Шајрат. Не мора да се биде голем воен експерт за да се знае дека од авио-базата „Хмејмим“, каде што е базирана руската авио-група, до која било крајна точка на територијата на Сирија се потребни 30-40 минути лет за секој руски авион“, истакна генералот Конашенков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче