Чуркин: Очекуваме Турција да не прави непромислени чекори во Сирија

Москва смета дека Анкара ќе се воздржи од дејствија во Сирија слични на влегувањето со војска и воена техника на територијата на Ирак, изјави постојаниот претставник на РФ во ООН Виталиј Чуркин.

Русија смета дека Турција нема да преземе дејствија слични на распоредувањето сили во Ирак, изјави постојаниот претставник на РФ во ООН Виталиј Чуркин, пренесува „Взгљад“.  

Советот за безбедност на ООН на затворена седница дискутираше за ситуацијата во врска со влегувањето на турските сили на територијата на Ирак.

„Се надеваме дека загриженоста што ја покажаа Генералниот секретар на ООН и редица членки на Советот за безбедност во текот на седницата што ја свикавме ние, ќе ги олади вжештените глави во Анкара, дека тие ќе ја регулираат ситуацијата во Ирак на задоволство на владата на Ирак“, изјави Чуркин.

Тој исто така потенцираше дека Русија смета дека Турција „нема да презема некакви нови непромислени чекори, вклучително и на територијата на Сирија“.

„Дојдов до заклучок дека тие дејствија без неочекувани за Американците, што е воопшто чудно. Тоа кажува дека Турција е толку непредвидлив играч кој може да прави чекори кои предизвикуваат протест не само кај Ирачаните, туку можат да ги збунат и САД“, изјави Чуркин по средбата на Советот за безбедност со претседателот на САД Барак Обама.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.