„Русија свика седница на Советот за безбедност на ООН во врска со упадот на турски сили на територијата на Ирак“, изјави извор за РИА „Новости“.
Според податоците на ирачките власти, на 4 декември турски тенковски баталјон навлегол во ирачката провинција Најнава под изговор борба против курдските одреди на народна самоодбрана кои војуваат против терористите. Ирачкото Министерство за надворешни работи и Министерството за одбрана го осудија упадот на турската војска и го окарактеризираа како непријателски чин.
Премиерот на Ирак Хајдар ал Абади во неделата изјави дека властите на земјата го задржуваат правото да ги преземат сите мерки, па дури и да се обратат до СБ ОН доколку турската војска не ја напушти територијата на земјата во рок од 48 часа, а во понеделникот изјави дека на Турција ѝ останале уште 24 часа до обраќањето до Советот за безбедност на ОН.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче