САД преземаат мерки за поддршка на Европа и зајакнување на НАТО за да ѝ се спротивстават на Русија, изјави потпретседателот на САД Џо Бајден говорејќи во вторникот во украинскиот парламент, пренесува РИА „Новости“.
Откако Русија почна да нанесува воздушни удари врз позициите на „Исламската држава“, низа украински политичари, вклучувајќи го и претседателот на Украина Петро Порошенко, изјавија дека со своите активности Москва наводно „се обидува да го оттргне вниманието на светот од Украина“.
„Ѕвечкање со оружје и бомбардирање не претставуваат манифестација на сила. Сега преземаме мерки за да го оддржиме отпорот на Европа против тактиката на заплашување (од страна) на Русија. Имено – со зајакнувањето на НАТО, со зголемување на енергетската безбедност, исто така сега помагаме и со додавање импулс на обновата на економијата“, изјави Бајден.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче