По префрлањето на рускиот ракетен систем С-400 во Сирија, Турција размислува за купување на француско-италијанскиот пандан.
Доколку турските власти ја склучат зделката, европските системи ќе бидат поставени на границата со Сирија, соопштува турскиот весник Акшам, пренесува порталот „Ридус“.
Текст е во најголем дел посветен на остриот пресврт во купувањето на системите за ПВО, затоа што на тендерот за нивна испорака претходно победи Кина.
Турскиот тендер беше распишан во 2013 година, а вредноста на зделката беше 3,4 милијарди долари. Тендерот подоцна беше поништен, затоа што Кина не сакаше да ѝ ја достави на Турција технологијата за производство на системот кој претставува модифицирана копија на рускиот С-300ПМУ-1.
Турските медиуми го третираа овој потег на владата како избор во корист на разработката на сопствени системи за ПВО, иако успесите на турските инженери во оваа област не се познати. На крајот беше одбран системот SAMP-T, на кој заеднички работат Франција и Италија од крајот на осумдесеттите години на минатиот век и кој може со ракетите „Астер-15/30“ да неутрализира секакви средства за воздушен напад.
„Со цел унапредување на преговорите, претставници на француско-италијанскиот конзорциум ќе ја посетат наредниве денови Анкара“, пишуваат медиумите. Анкара од Европејците очекува да го добие истото што и од Кинезите, а тоа значи готови системи и технологија. Во првиот случај нема да има проблем, а во вториот би можеле да се појават, исто како и со Кина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче