Косачов: САД, како и претходно, се убедени во својот монопол врз вистината

Претседателот на комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни работи истакна дека САД си ја припишуваат себеси главната улога во процесот за решавање на сириската криза.

Обраќањето на претседателот на САД Барак Обама може да се смета за резултат на работата врз грешките, но не и врз најважната од нив – увереноста во сопствениот монопол врз вистината, напиша на својата Фејсбук-страница Константин Косачов, претседател на комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни работи, пренесува ТАСС.  

Косачов истакна дека редица тези можат да се сметаат за резултат на „работата врз грешките“. Како прво, како главна цел на борбата со тероризмот се наведени „исламските радикали, а не сириските раководители“. Како второ, „има навестување за можна соработка со „вооружените сили“ на Сирија и Ирак“. „Како трето, како „предуслов за победа над тероризмот е наведено политичкото решение во Сирија“, иако станува збор, како и претходно, за смена на режимот на Асад. На крај, „артикулирана е неопходноста од сплотување на напорите, во тој контекст е наведена и Русија“.

Како и да е, главната улога во процесот на решавањето на сириското прашање САД си ја припишуваат себеси, затоа што Обама изјави дека „под раководството на Америка меѓународната заедница почна со работа над процесот и агендата за прекин на огнот и политичко решение на сириската војна“.

„И токму тука се јавуваат сомнежи, повторно со удвоена сила. Нема „работа над главната грешка“ – увереноста во сопствениот монопол врз вистината. Нема признавање на претходните грешки – во Сирија,апред тоа во Либија, Ирак, Авганистан и во Украина. Што значи, ќе има нови грешки“ истакнува Косачов, додавајќи дека „повторно сите ќе мораат да ги поправаат, вклучувајќи ја и Русија“.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња