Ирак би можел да побара воена помош од Русија

Багдад би можел да побара воена помош од Русија како одговор на упадот на турската војска, изјави шефот на ирачкиот парламентарен Одбор за безбедност Хаким ал Замили.

„Упадот на турските војници во Ирак преставува грубо кршење на суверенитетот на нашата земја. Ирак има сила да одговори на тој упад и да ги истера од ирачка територија. Исто така, би можеле да побараме од Русија да испрати свои сили во Ирак како одговор на турското нарушување на нашиот суверенитет“, изјави Замили, пренесува порталот „Експерт“.

Според информациите на ирачките власти турски тенковски баталјон на 4 декември упаднал во ирачката покраина Најнава, со цел да ги обучува курдските доброволечки единици кои се борат против терористите. Ирачкиот дипломатски ресор побара повлекување на турските војници од територијата на Ирак, нагласувајќи дека нивното присуство претставува „инвазија“. Шефот на ирачкиот парламентарен Одбор за безбедност и одбрана Хаким ал Замли изјави дека турските војници би можеле да бидат нападнати ако безусловно не ја напуштат оваа земја.

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади ја демантираше во понеделникот изјавата на Анкара дека влегувањето на турските сили е усогласено со владата на Ирак и побара нивно повлекување за 48 часа, заканувајќи се дека во спротивно ќе се обрати до Советот за безбедност на ОН.  

Претходно турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека Турција нема намера да испраќа војници во ирачкиот град Башика во покраината Најнава.

Давутоглу додаде дека Туција сака да ја зајакне соработката со Ирак во борбата со терористите на „Исламската држава“ и дека нема намера да го нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Ирак.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.