„Викиликс“: Ердоган лично наредил да се собори рускиот Су-24

Според информациите на „Викиликс“ (WikiLeaks), претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган лично ја дал наредбата за соборување на рускиот бомбардер Су-24 на небото над Сирија.

„Викиликс“ на својот Твитер-профил соопшти, повикувајќи се на турскиот инсајдер Фуат Авни, дека Ердоган лично ја дал наредбата да се соборуваат руски авиони кои извршуваат борбени операции во Сирија, тврдејќи дека тие влегле на турска територија, пренесува „Взгљад“.

Турција, истакнува „Викиликс“, веќе собори беспилотно летало со тврдење дека е руско. Исто така, според нивните податоци, тие реализираат операции против сириските Курди кои се борат против „Исламската држава“. Сега Ердоган се обидува да ги мобилизира своите избирачи со тоа што ја стави земјата на работ на војна. Турците се патриоти, истакнува „Викиликс“, и заканата од војна за нив е гласен повик на единство и поддршка за владата.

Претходно турскиот премиер Давутоглу изјави дека Анкара нема да се извини за соборувањето на рускиот Су-24, затоа што ја штитела својата граница.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.