Турција бара од Русија укинување на санкциите

Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу изјави дека санкциите, кои Русија ѝ ги наметна на Турција по инцидентот со соборувањето на русиот Су-24, треба во најкраток можен рок да бидат укинати.

„Сметаме дека е соодветно за интересите на нашите земји и нивната иднина да се преиспитаат воведените мерки, и исто така и веднаш да се укинат. Инаку наведените економски мерки директно ќе влијаат на економијата на двете земји и ќе имаат исти негативни последици и за рускиот, и за турскиот народ, ги цитира зборовите на Чавушоглу „Взгљад“.

Во четвртокот, 03 декември, Чавушоглу изјави дека Анкара не планира да воведе реципрочни мерки против Русија.

Премиерот Давутоглу пред тоа најави дека Анкара е подготвена за воведување мерки за компензација на штетата поради санкциите кои Русија ги воведе и дека тие не се во согласност со меѓународните прописи.

Претседателот на Турција Ердоган пак, најави дека Анкара ќе биде принудена да одговори на санкциите доколку продолжат „непријателските активности“ на Русија спрема Турција.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња