Берлин: Нема да соработуваме со Москва во борбата против ИД

Германија и Русија нема да соработуваат во борбата против терористите на „Исламската држава“, изјави шефот на Федералната служба за администрација на Берлин Петер Алтмаер.

„Нема да стапуваме во воена коалиција со Русија заради борба против ИД“, рече Алтамер во интервју за „Шпигел“, пренесува РИА „Новости“. 

Десната рака на Ангела Меркел додаде дека ни Германија, ни Европската унија нема да соработуваат ниту со претседателот на Сирија Башар Асад или со сириската армија поради кои, како што тврди официјален Берлин, стотици илјади луѓе ги напуштија своите домови и се упатија во Турција и Европа.  

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаен изјави дека не треба да се мисли дека воена интервенција на Германија во Сирија ќе биде брза. Ќе биде тешка и опасна, рече таа. Министерката додаде дека Русија нема да биде запознаена со плановите на германското воено воздухопловство во Сирија

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.