Руски бомбардери го надлетувале американскиот остров Гуам

Без оглед што руските авиони се наоѓале на неутрален терен, американските медиуми го нарекоа појавувањето на руските Воздушно-космички сили во Тихоокеаснкиот појас „ѕвечкање со нуклеарно оружје“.

Два руски стратешки бомбардери летале над две воени бази што се наоѓаат на островот Гуам без да навлезат во воздушниот простор на САД, пишува „Вашингтон Фри Бикон“ повикувајќи се на претставници на воружените сили на САД.

Тие го нарекоа летањето околу островот „ѕвечкање со оружје“. Со цел следење на руските авиони, исто така биле испратени и јапонски ловци.

Ова е веќе четврти пат како авионите на ВКС РФ од 2013 година прелетуваат покрај островот. Според непотврдени информации, над главите на американските војници, како што се наведува, летале авиони Ту-95.

На островот Гуам се наоѓа воздухопловна база на САД на која е лоцирана стратешката авијација, вклучувајќи ги и бомбардерите-носачи на ракети Боинг B-52 (Стратешка тврдина) и тешко забележливите бомбардери B-2 „Спирит“. Островот, оддалечен околу десет илјади километри од северноамериканскиот континент, истовремено е и база во која се наоѓаат четири подморници на американската Воена морнарица,  пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња