Конашенков: Изјавите на Американците предизвикуваат насмевка

Портпаролот на Министерството за одбрана на РФ изјави дека изјавите на САД дека не ги гледаат гранични премини со цистерни кои ја преминуваат границата „предизвикуваат насмевка“.

Министерството за одбрана на Русија е изненадено од изјавите на САД дека не гледаат шверц со терористичка нафта во Турција и смета дека тоа е слично на директно покровителство, изјави портпаролот на рускиот одбранбен ресор генерал-мајор Игор Конашенков, пренесува ТАСС.

„Најпосле нашите колеги од Стејт департментот и Пентагон потврдија дека фото-доказите што ги презентиравме на брифингот – од каде и накаде тече украдената нафта од регионите контролирани од меѓународниот тероризам се оригинални. Сепак нивните изјави, дека не ги гледаат пограничните премини со цистерни кои ја преминуваат границата, предизвикуваат насмевка, макар и затоа што фотографијата е статична слика“, истакна во врска со тоа Конашенков.

Тој потсети дека МО РФ покрај сателитски снимки презентираше и видео-докази со средства за објективна контрола кои регистрирале како цистерни не само што ги преминуваат пограничните премини на турската граница, туку и како го прават тоа без запирање.

„Кога американски чиновници изјавуваат дека не гледаат како се испорачува шверцувана нафта во Турција, тоа веќе не е лукавство, тоа мириса на директно покровителство“, истакна портпаролот на Министерството за одбрана на РФ.

Конашенков исто така изјави дека министерството е изненадено од изјавата на шефот на Пентагон за тоа дека авијацијата на САД последниов месец уништува само профитабилни нафтени претпријатија на терористите во Сирија и Ирак.

„Како да се сфати изјавата на шефот на Пентагон, господинот Картер, за тоа дека авијацијата на САД последниов месец уништува само профитабилни нафтени претпријатија на терористите? Излегува дека една и пол година Американците уништувале само загубарски објекти на терористите“, истакна Конашенков.

„Сега е јасно од каде им се на терористите толку пари за купување оружје, врбување нови приврзаници, вршење крвави терористички напади и зошто територијата контролиран од ИДИЛ во тој период се зголеми за стотина пати“, потенцираше претставникот на Министерството за одбрана на РФ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња