Бугарија смисли како да ги врати руските гасни проекти

Во ситуацијата во која се наоѓаат Русија и Турција, Бугарија може да обезбеди испораки на гас од четири-пет испорачувачи, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

„Имаме големи шанси и да ги вратиме руските туристи, тоа е практично загарантирано“, изјави премиерот на Бугарија Бојко Борисов.

Борисов изрази надеж дека проектот за изградба на дистрибутивен центар за гас во Бугарија ќе биде реализиран, пренесува „Взгљад“. Тој додаде дека постојат реални шанси за тоа е дека за неколку дена, поточно на 10 декември ќе биде потпишан договор за изградба на меѓусистемски гасовод кој на Бугарија ќе ѝ гарантира диверзификација на испораките на гас.

 „Ако под закрила на ЕУ успееме да го доставиме гасот до нашата земја, до Варна, ќе успееме, со заедничко финансирање со ЕУ да обезбедиме изградба на гасовод (за негов транспорт), нагласи Борисов.

Во ситуацијата во која се наоѓаат Русија и Турција, гледам ретка шанса да обезбедиме испорака на гас во Бугарија од четири-пет испорачувачи, рече бугарскиот премиер.

Според неговото мислење, Бугарија би можела да се позиционира како дистрибутивен центар.

„Ќе има гас чии испораки (преку Црното море) комплетно ќе ги финансира Русија, ние, исто така, ќе учествуваме во финансирањето (на гасоводот) на наша територија. Гарантираме дека капацитетите на нашите дистрибутивни мрежи и компресори за оние кои сакаат да добијат гас, откако ќе платат за неговиот транспорт, се доволни. Подготвени сме да го обезбедиме тоа, рече шефот на бугарската влада.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.