Конашенков во петокот изјави дека Воено-космичките сили (ВКС) на Русија во текот на операциите уништиле упориште на терористите на една од тактички важните коти која потоа била заземена од сириските владини сили. Покрај тоа, биле ликвидирани и водачи на терористите. Конашенков прецизираше дека во провинцијата Латакија бил уништен бункер во кој биле лидерот на групата Абу Абду и други команданти. Исто така, биле ликвидирани и неколку водачи во близина на населеното место Ел Латамна во провинцијата Хама.
Портпаролот на МО РФ исто така изјави дека руската авијација во периодот од 26 ноември до 4 декември уништила 12 станици за пренос на гориво и над 170 цистерни, а исто така уништила и 8 нафтени наоѓалишта. Покрај тоа, бил уништен и голем склад со оружје и муниција во близина на населеното место Мурек во провинцијата Хама. Воздушните напади биле реализирани во провинциите Алепо, Идлиб, Латакија, Хама, Хомс, Деир ез Зор и Рака.
Во текот на брифингот Конашенков истакна дека бројот на беспилотни летала во Сирија се зголемил тројно. Дроновите вршат набљудување над наоѓалишта на нафта и по должината на сириско-турската граница, пренесува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче