Руските туристички агенции очекуваат успешна сезона-2016 во Црна Гора

Црна Гора претходно соопшти дека руските туристи ќе ги имаат сите поволности по влегувањето на оваа земја во НАТО, вклучувајќи и поголема безбедност.

Откако на 2 декември НАТО официјално ја покани Црна Гора да стане членка на Алијансата, Русија вети дека ќе одговори на проширувањето на блокот. Помеѓу другото, руските власти ќе ги преиспитаат економските контакти со поранешната југословенска република. Не е исклучени како проблематична точка да биде издвоен туризмот.

Меѓутоа, руските туристички агенции засега се уверени дека во наредната туристичка сезона нема страв од политички-мотивирани забрани.

„По затворањето на Турција очекуваме голем успех во Црна Гора во летото 2016 година“, смета сопственикот и генерален директор на агенцијата „Спејс Травел“ Артур Мурадјан, а пренесува travel.rambler.ru.

Во агенцијата „Библио Глобус” исто така се уверени дека во сезоната нема да се вмеша политиката, но се скептични кога станува збор за можностите во поглед на развој на бизнисот.

Црногорските хотелиери веќе видоа можност за заработка и веќе во фазата на прелиминарните преговори не ги кријат намерите да ги кренат цените за сместување.  Склучувањето договори за летаната сезона почнува во јануари и, ако дотогаш сопствениците на хотелите не ги намалат своите апетити, руските туристички агенции ќе ја напуштат идејата за Црна Гора, затоа што достапноста на цените е главниот адут на оваа дестинација.

Можната загуба на рускиот туристички пазар ќе се одрази во значајна мера врз Црна Гора. Според податоците на Уредот за статистика на Црна Гора, руските туристи во 2014 година биле на второ место по Србите според бројот на посети (23,6% од вкупниот број на посети), додека според бројот на ноќевања во хотелите биле на прво место.

Црна Гора освен тоа соопшти дека руските туристи ќе имаат низа поволности по влегувањето на оваа земја во НАТО и дека тоа не може да ѝ нанесе штета на туристичката дејност.  

„По влегувањето во НАТО Црна Гора ќе стане побезбедна дестинација за патување, а безбедноста е многу важна за туристите“, изјави претседателот на Комитетот за туризам на Трговско-индустриската комора на Црна Гора Драган Иванчевиќ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.