Џелатот на Русинот е Русин

Утврден е идентитетот на терористот кој го пред камерите уби Магомед Хасиев во Сирија.

Утврден е идентитетот на терористот од ИДИЛ кој го уби 23-годишниот руски државјанин – жител на Чеченија Магомед Хасиев и ја објави снимката на интернет. Името на 28-годишниот терорист е Анаталиј Земљанка од градот Нојабрск (Јамало-Ненецка автономна област) по кого во Русија е распишана потерница, пренесува „Известија“.

Видеото со обезглавувањето на рускиот државјанин Магомед Хасиев (вистинското име му е Евгениј Јудин) од Грозни, кој првин бил во Египет, а потоа врбуван од ИДИЛ, беше објавено на интернет на крајот на ноември. Терористите изјавија дека Магомед наводно им предавал информации на руските тајни служби.  

Идентитетот на џелатот кој ја изврши казната над Хасиев е утврден. Станува збор за 28-годишниот жител на Нојабрск Анатолиј Земљанка.  Во Јамало-Ненецката автономна област добро се сеќаваат на Земљанка и лесно го препознале на видеото. Познато е дека тој ѝ се приклучил на ИДИЛ во 2013 година.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња