Захарова: Кој ќе ѝ се јави на ИДИЛ?

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација Марија Захарова објави на својот Фејсбук-профил коментар на интервју на британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд.

„Медиуми: „На светот има еден човек кој може итно да му стави крај на безумието во Сирија. Тоа ќе се случи ако господинот Путин ја земе слушалката, му заѕвони на господинот Асад и му каже дека играта е завршена“, смета британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд. Ова тој го изјави во интервју за телевизијата „Канал 4“ (Channel 4).

Така. Да се разбереме. Ако сѐ биде така, како што нѐ убедуваат британските колеги, и по заминувањето на Асад престане безумието, каде во тој случај ќе оди ИДИЛ? Или и нејзе некој ќе ѝ се јави и ќе ѝ каже дека играта е завршена?

Внимание, прашање: кој ќе ѝ се јави на ИДИЛ?“, пишува на Фејсбук-профилот на Захарова.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња