Во своето годинешно обраќање до Федералното собрание на Руската Федерација рускиот претседател Владимир Путин обрна внимание на позитивните демографски показатели во Русија во текот на последните три години.
Путин го цитираше познатиот руски научник Дмитриј Менделеев: „Ако бидеме поделени, веднаш ќе нѐ уништат. Нашата сила е во единството, воената сила, добродушноста, семејниот живот со кој се зголемува прирастот на народот, и во природниот пораст на нашето внатрешно богатство и мирољубивоста“.
Путин наведе и податок дека во последните три години во Русија се забележува природен прираст на населението. „Засега не е голем, но сепак е прираст“, истакна рускиот лидер.
Видеото од обраќањето на претседателот на РФ Владимир Путин до Федералното собрание на Руската Федерација можете да го погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче