Медиум: Трите грешки на Ердоган кои доведоа до конфликт со Русија

Со поддршката за „Исламската држава“, Турција се вплетка во индиректен конфликт со Русија која е на страната на Башар Асад, пишува „Хафингтон Пост“.

Турција направи редица грешки, што како краен резултат доведе до конфликт со Русија, смета „Хафингтон пост“. Држејќи се до дволичниот став за сириското прашање, Анкара успеа истовремено да се судри со Москва и да предизвика нервоза кај западните администрации, незадоволни од таквата позиција на Турција во однос на џихадистичката организација, но и од борбата на Турците со Курдите, на кои Франција смета во борбата со ИД.

Наоѓајќи се на патот на изолација на дипломатски план, Турција донесе низа лоши одлуки кои сега ја доведоа до ескалација на затегнатоста во односите со Москва, пишува весникот.

Турција, како прво, ја поддржува ИД. Без оглед на демантите на Ердоган, постојат многубројни докази кои ја потврдуваат врската на турските разузнавачки служби со водачите на џихадистите. Тоа беше погрешен потег, затоа што Турција не успеа да избегне да биде жртва на терористичките напади, а од друга страна предизвика индиректен судир со Русија

Втората грешка е индиректниот судир со Русија која е на страната на сирискиот претседател Асад. Анкара ја поддржуваше ИД, затоа што претставува закана за Асад и за Курдите. Ердоган сакаше преку терористите да го забрза заминувањето на Асад, за да се воспостави сунитски режим на другата страна од турската граница.

Турскиот претседател беше сигурен дека Путин нема да го поддржи Асад, меѓутоа, руската војска ја помага сириската.  

Поддржувајќи го непријателите на Асад, Турција ѝ се врати на логиката на конфронтација со Москва, чии плодови сега ги бере. Пријателите на моите непријатели се мои непријатели, смета „Хафингтон Пост“.

Така се продлабочи недостатокот на доверба кај западните сојузници и дојде до влошување на односите со Турција.

Трето, Турција е ставена во ќоше, затоа што немаше друг излез освен да прибегне кон логиката на ескалација на тензиите, а соборувањето на рускиот авион зборува за нејзината тврдоглавост. Дури и ако Ердоган не може да го брани правото на суверенитет на својот воздушен простор, тој никако не можеше да не биде запознаен со последиците од тој инцидент. Во периодот кога се најавуваше договор меѓу Русија, Франција, Велика Британија и САД со цел борба против ИД, Турција ја отфрли „разумната позиција“.  

Грешката краткорочно се гледа во ослабувањето на надежта за создавање заеднички фронт за борба против ИД во моментот кога Обама и Путин се доближуваат до договор. Во долгорочна перспектива, Турција повеќе нема да биде сметана за фактор на мирот во регионот, затоа што придонесе за „создавање на монструмот“, заклучува весникот „Хафингтон Пост“ чија статија ја пренесува РИА Новости.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.