Министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров по разговорите со шефот на МНР Турција Мевлут Чавушоглу изјави дека не слушнал ништо принципиелно ново во врска со соборувањето на Су-24 од турското воено воздухопловство, пренесува РИА „Новости“.
„Се сретнавме со министерот Чавушоглу по неговото упорно барање. Не слушнавме ништо ново. Министерот од Турција ги потврди оние пристапи кои јавно беа објавени од претседателот на Турската република. Ние ги потврдивме нашите оценки, кои уште од првиот ден откако нашиот бомбардер беше злосторнички соборен и покрај сите норми во такви случаи, беа искажани“, изјави Лавров за новинарите во Белград.
Претходно министерот Чавушоглу изјави на самитот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ОБСЕ дека рускиот авион Су-24 бил соборен како резултат на нарушувањето на воздушниот простор на Турција и дека таа постапка не треба да се меша со тероризмот чие олицетворение денеска е ИДИЛ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче