„Ние како и претходно ги поздравуваме сите активности насочени кон борбата со тероризмот, сите активности насочени кон борбата со „Исламската држава“. Се разбира, сметаме дека во случај на договарање на овие активности и залагање на сите во обединета коалиција, ефикасноста може да биде суштински зголемена“, изјави Песков, пренесува „Взгљад“.
Тој потенцираше дека Русија ги држи „отворени вратите за создавање таква обединета коалиција“.
Според неговите зборови, од гледна точка на меѓународното право, „единствената земја која дејствува легитимно (во Сирија) е Руската Федерација“.
Во средата британскиот парламент ја одобри примената на Военото воздухопловство на Велика Британија за нанесување удари врз „Исламската држава“ во Сирија.
Веќе во четвртокот британското воено воздухопловство успешно изврши напади врз објекти во нафтените наоѓалишта на истокот на Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче