Песков: Експанзијата на НАТО нема да остане без одговор

Кремљ ја коментираше одлуката на НАТО за одлуката за зачленување на Црна Гора во Алијансата.

Експанзијата на воената инфраструктура на Северноатлантската алијанса на исток не може да не доведе до реципрочни дејства од страна на Русија, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков коментирајќи ја поканата на НАТО за Црна Гора, пренесува РИА „Новости“.

НАТО во средата ја покани Црна Гора да стане 29-та членка на Северноатлантската алијанса.  

„На најразлични нивоа Москва секогаш истакнуваше дека континуираната експанзија на НАТО, на воената инфраструктура на НАТО на исток, се разбира, не може да не доведе до реципрочни дејствија од исток, то ест од руска страна на планот на обезбедување на интересите на безбедноста и одржувањето на паритетот на интересите“, изјави Песков, одговарајќи на прашањето како Москва се однесува спрема поканата за Црна Гора во НАТО и дали има намера да преземе некакви мерки за одговор.

На прашањето да прецизира дали сега е рано да се зборува за какви точно конкретни мерки станува збор, Песков одоговори: „Па, се разбира“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.