Пентагон ги отфрла обвинувањата дека Турција тргува со нафта од ИД

На Турција, нашиот сојузник во НАТО, гледаме како на клучен партнер во коалицијата за борба против ИД, соопшти Министерството за одбрана на САД.

Министерството за одбрана на САД не располага со никакви докази за вмешаноста на Турција во купувањето нафта од „Исламската држава“ во Сирија и ги отфрла обвинувањата за тоа дека раководството на Турција учествува во тој бизнис.  

„Ја отфрламе претпоставката за тоа дека турската влада е во некаков договор со „Исламската држава“ за шверц со нафта. Немаме видено никакви докази што би ги поддржале овие обвинувања“, изјави портпаролката на Пентагон Елиза Смит, а пренесува „Взгљад”.

„Освен тоа, Турција презема чекори за зајакнување на безбедноста на својата граница заедно со меѓународните партнери. Наша цел е прекин на шверцот со нафта со кој се занимава ИД“, изјави Смит.

„Ние гледаме на Туција, нашиот сојузник во НАТО, како на клучен партнер во коалицијата за борба против ИД. Како и во случајот со сите наши останати партнери, и како што истакна претседателот на САД вчера во Париз, ние продолжуваме со Турција да разговараме за она што сѐ би можеле тие да сторат во рамките на коалицијата и како можеме подобро да соработуваме за да обезбедиме победа над ИД“, додаде протпаролката на Пентагон.  

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.