МНР РФ: Поканата за Црна Гора директно влијае на интересите на Русија

Одлуката на НАТО да ја покани Црна Гора да се зачлени во Алијансата од страна на Русија се смета како директен потег за конфронтација, соопшти МНР РФ.

Москва гледа на одлуката да се покани Црна Гора да стапи во редовите на НАТО како отворено конфронтирачки чекор кој директно навлегува во интересите на РФ и ја принудува на соодветна реакција, соопшти Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, пренесува РИА „Новости“.

„Гледаме на одлуката донесена на состанокот на Советот на НАТО на ниво на министри за надворешни работи на 1-2 декември во Брисел за почеток на преговори со Црна Гора за нејзино стапување во Организацијата на Северноатлантскиот договор како на отворено конфронтирачки чекор, исполнет со дополнителни дестабилизирачки последици за системот на евроатланската безбедност“, се вели во коментарот на МНР РФ.

„Новата рунда на експанзија на Алијансата директно навлегува во интересите на Руската Федерација и нѐ принудува на соодветна реакција“, потенцира министерството.

Како што истакнува министерството, „и покрај објективната неопходност од здружување на колективните напори за спротивставување на многубројните закани и предизвици на современоста и барање решенија за подобрување на ситуацијата во сферата на европската безбедност, Алијансата уште еднаш ја потврди непроменливоста на заземениот курс за безгранично проширување на својот геополитички простор, вештачка поделба на државите на „наши“ и „туѓи“, промовирање на концепцијата за сопствената безбедност за штета на безбедноста на другите“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.