Министерството за одбрана на РФ со снимки за врските меѓу ИД и Турција

Министерството за одбрана на Русија одржа брифинг на тема „Вооружените сили на РФ во борбата со меѓународниот тероризам. Нови податоци“.

Главен корисник на нафтата што „Исламската држава“ ја краде во Сирија и Ирак е Турција, изјавија претставници на Генералштабот на Вооружените сили на Русија во текот на брифингот за новинарите, пренесува „РТ“.

Турскиот лидер и неговото семејство се вмешани во системот за незаконска испорака на нафта од наоѓалиштата заземени од „Исламската држава“, смета министерството.

Освен тоа, според податоците на министерството, приходите на терористите од продажбата на нафта годишно изнесуваат 2 милијарди долари.

„Здружената екипа на бандити и турската елита ја краде нафтата во Сирија“, изјавија од министерството.

Во текот на брифингот беа покажани и фотографии од колони цистерни полни со нафта упатени кон границата со Турција.

Исто така, од Министерството за одбрана на РФ изјавија дека последнава недела од Турција во Сирија се префрлени околу 2 илјади борци, над 120 тони муниција и околу 250 автомобили од различен тип.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.