Лавров подготвен за средба со Чавушоглу во Белград

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека е подготвен да ја разгледа можноста за средба со министерот за надворешни работи на Турција на маргините на состанокот на Советот на министри за надворешни работи во Белград.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, зборувајќи за можноста за средба со шефот на турското МНР Мевлут Чавушоглу во Белград, изјави дека руската страна е подготвена за таква средба, но „ќе биде тажно ако не слушнеме ништо ново“, пренесува РИА „Новости“.

„Што се однесува до можноста за средба со министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу, тогаш како одговор на упорните барања на турската страна ние сме подготвени за таква средба на маргините на белградскиот состанок на Советот на министри за надворешни работи“, изјави Лавров за новинарите.

„Ние сакаме да разбереме што можат да кажат нашите турски партнери по толку упорно бараната средба од она што веќе го кажаа јавно. Ќе биде тажно ако не слушнеме ништо ново“, истакна Лавров.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња