Турција им го отежнува на руските бродови минувањето низ Босфорот

Бродовите кои пловат под руско знаме од неделата наутро, 29 ноември, имаат отежнат премин низ Босфорот..

Според податоците на системот за следење на бродовите, на 29 ноември руските бродови пловеле цик-цак и кружеле додека чекале турска дозвола за влегување во теснецот, додека во линиите на движењето на бродовите на други земји не се забележуваат промени, велат во украинсиот Центар за транспортна стратегија, пренесува „Взгљад“.

Бродот „Братск“ така чекал дозвола од 10:00 до 19:00 часот, „Волгобалта“ од 3:00 до 17:00. Доцна вечерта на 29 ноември бродовите под руско знаме сепак впловиле во теснецот.

Истовремено, порталот Haberler.com соопшти дека транспортниот брод на Воената морнарица на Русија „Јауза“ во текот на преминувањето низ Дарданелите наишол на турска подморница. Инцидентот се случил утрото на 30 ноември во близина на Чанаккале.

Сајтот објави и видео-снимка на која добро се гледа како подморницата плови во пресрет на бродот кој, како што пишува на порталот, веројатно се упатил кон Сирија.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.