Обама: Немам повеќе илузии во поглед на ангажманот на Путин во Сирија

На конференцијата за новинари во Париз Барак Обама изјави дека од Русија не очекува драстична промена на политиката во Сирија.

Според зборовите на американскиот претседател Барак Обама, Москва и понатаму ќе го поддржува „режимот“ на Башар Асад. Истовремено, американскиот претседател нагласи дека до решение за сириската криза може да се дојде на преговорите во Виена.

Како што пренесува „РТ“, Барак Обама изјави:

„Ќе тргнам од прашањето за господинот Путин. Не очекувам дека ќе ја промени стратегијата за 180 степени во текот на наредните неколку недели. Веќе четири години се вложуваат средства за да се одржи Асад на власт и тие се насочени кон негово јакнење. И затоа е потребно одредено време за да се промени односот спрема тој проблем.

И сѐ додека се поврзани со режимот, поголемиот дел од руските ресурси ќе биде насочен против опозициските групи кои на крајот на краиштата ќе станат дел од коалициската влада. Токму таа цел ние ја поддржуваме, како и нашите сојузници во коалицијата, борбата со режимот и истовремено борбата со „Исламската држава“.

Затоа мислам дека не треба да негувам илузии дека Русија ќе оди само со напади врз објектите на ИД. Тоа во моментов го нема и нема да се случи во наредните недели.

Но сепак нешто може да се случи. Ако политичкиот процес, кој државниот секретар Џон Кери толку грижливо го градеше со министерот за надворешни работи на Русија Лавров, ако тој профункционира во Виена, постои можност (со оглед на договорот што го одобрија учесниците во преговорите) да видиме прекин на борбените дејствија, во најмала рака во одделни делови на Сирија.

Тоа во тој случај ќе значи дека одредени опозициски групи повеќе нема да бидат изложени на сириско или руско бомбардирање. Тие ќе бидат подготвени за политички разговор. И постепено ќе можеме да го насочиме сеопштото внимание во правилна насока, токму кон систематска борба со ИД“, изјави Обама.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња