НАТО сака да добие право на „ненајавени проверки“ на руските маневри

НАТО сака преку ОБСЕ да добие право на „ненајавени проверки“ на воените вежби што се одржуваат во Русија, соопшти извор близок до Алијансата.

НАТО сака преку ОБСЕ да добие право на „ненајавени проверки“ на воените вежби што се одржуваат во Русија, соопшти извор близок до Алијансата.

„Ненајавените руски воени вежби често претставуваат изненадување за НАТО и затоа Алијансата сака преку ОБСЕ да постигне Русија претходно да известува за своите маневри од определен размер и да создаде соодветен механизам за „ненајавени инспекции“, пренесува „Взгљад“.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг претходно изјави дека Европа треба да создаде „режим на ненајавени проверки на ненајавени маневри“ за зголемување на предвидливоста на воените дејствија.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња