Германија нема да ги усогласува со Русија нападите врз ИД

На Русија нема да ѝ бидат доставувани плановите и податоците за летовите на германските воздухопловни сили во Сирија, изјави министерката за одбрана на Германија Урсула фон дер Лаен.

„Би сакала уште еднаш да прецизирам, мапите и податоците за летовите им се на располагање исклучително на членовите на нашата коалиција (на чело со САД) за која зборував. Тие нема да ѝ бодат доставени на Русија, изјави министерката за телевизијата „Н24“.

 „Со Русија ќе биде договарано само кој каде лета за да се избегнат судири“, додаде таа.

Претходно во понеделникот германската влада го одобри учеството на 1200 војници на вооружените сили на Германија во антитерористичката мисија против „Исламската држава“.

САД се на чело на коалицијата од 65 земји кои учествуваат во бомбардирањето на „Исламската држава“ во Ирак и Сирија, а оваа коалиција дејствува во Сирија без дозвола од властите во Дамаск. САД не ги координираат дејствијата со Русија и покрај претходно постигнатиот договор за мерките неопходни за избегнување инциденти во воздух, пренесува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.