Новинарите на весникот „Џумхуриет“ Џан Дундара и Ердем Гул се обвинети за шпионажа и членство во терористичка организација. Повод за обвинувањата беше објавувањето на фотографии на кои се снимени турски камиони како испорачуваат оружје и муниција за членови на разни вооружени формации кои војуваат со официјалната сириска војска, пренесува „РТ“.
Политикологот Јуриј Светов нагласува дека претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган е познат по импулсивноста и избувливоста, затоа неговите реакции на разни настани се мошне несоодветни.
Кога станува збор за Ердоган, сите забележуваат дека тој е како човек многу импулсивен и невоздржан, па затоа неговите реакции се често непропорционални, објаснува тој.
„Тоа што е подготвен да се пресметува со новинари... Имаше случаи кога успеа да се пресмета со припадници н војската. Изгледаше дека турската војска е гарант на Уставот, станува збор за луѓе кои секогаш биле на странат на секуларната држава. Меѓутоа Ердоган со дозволи да уапси висок команден кадар, да организира серија судски процеси и помина неказнето“, вели Светов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче