Руските Су-34 првпат полетаа за извршување на борбени задачи во Сирија не само со бомби, туку и со ракети „воздух-воздух“ со мал и среден дострел, соопшти портпаролот на Воздушно-космичките сили на РФ полковник Игор Климов, а пренесува ТАСС.
„Руските ловци-бомбардери Су-34 денеска првпат полетаа на задача не само со авионски бомби ОФАБ-500 и наведувани авиобомби КАБ-500, туку и со ракети „воздух-воздух“ со мал и среден дострел. Авионите се вооружени со ракети заради заштита“, изјави Климов.
Според неговите зборови, ракетите се „опремени со глави со самонаведување и се способни да уништат цели во воздухот на растојание до 60 километри“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче