Претседателот на РФ Владимир Путин ѝ наложи на владата до 20 декември да го реши прашањето за доделување статус на воени ветерани на руските војници кои служат во Сирија, пренесува РИА „Новости“.
„До владата на РФ… да се разгледа прашањето за можноста за внесување во законодавството на Руската Федерација измени кои предвидуваат доделување статус на воен ветеран на државјани на Руската Федерација упатени на територијата на Сириската Арапска Република во врска со вршење борбени дејствија“, се вели во налогот на претседателот, објавен на сајтот на Кремљ.
Оваа задача ѝ е дадена на владата по седницата на советот за развој на граѓанското општество и правата на човекот одржана на 1 октомври.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче