Медиум: Ќе го подели ли Путин НАТО?

Путин може едноставно да гледа како НАТО самото се уништува поради слабоста на американското раководство и поради немањето на неопходните ресурси кај поголемиот број членки на Алијансата, пишува Силвио Канто, колумнист на американскиот магазин American Thinker.

Караницата меѓу Русија и Турција поставува неколку прашања пред нас, кои се однесуваат на иднината на НАТО. Дали се подготвени членките на НАТО да ја заштитат Турција? Или пак чекаат целата работа да им ја завршат американските ловци?

Врз основа на она што го видовме во Ирак на крајот на 1990-те години (создавањето зона без летови) и на Косово во 1995 година, најверојатно, целата работа ќе ја завршат ловците на САД и Обединетото Кралство.

Сметам дека Путин го сфаќа тоа и се обидува да го натера НАТО да дејствува. Сега тој тврди дека САД знаеле дека Турција има намера да го сруши рускиот авион. Од друга страна, Турција бара од Русија да не си игра со оган.

Кој може да каже што точно се случило? Сега веќе тоа нема важност. Авионот е соборен, пилотот е мртов, а Путин доби шанса да го дупне балонот на НАТО.

Путин веќе одамна се обидува да ги намали важноста и потенцијалот на НАТО.

Како што вели аналитичарот Стивен Ковингтон:
„Руските власти сакаат да ја видат Европа во која нема стратешки сојузи, нема мултинационални организации, каде беше срушена трансатлантската оска САД-Европа, која со посредство на колективната политика и постапки ги нивелира оние национални предности кои Русија ги има во однос на секоја европска земја земена одделно. Тие сакаат да видат таков систем за безбедност во Европа кој би ѝ дозволил на Русија ефикасно да ги искористи нејзините национални силни страни во отсуство на каков било отпор и конкуренција и да го зголеми своето влијание во земјата и странство.

Како Путин може да го подели НАТО? Никако. Тој може едноставно да гледа како Алијансата самата се распаѓа. Тој ги присилува членките на НАТО да работат една со друга, на пример, да ја заштита Турција согласно Членот 5 или да се борат со ИДИЛ.  

Како конечен резултат членките на НАТО нема да можат да работат една со друга поради слабоста на американското раководство и поради тоа што мнозинството членки на Алијансата едноставно ги немаат неопходните ресурси за да стапат во оваа игра. НАТО наликува на бејзбол тим во кој се способни за игра само два-тројца спортисти, а останатите можат да гледаат како се одвива натпреварот од клупата за резерви.  

Наскоро ќе видиме до што ќе доведе ова. Путин е одличен тактичар и тој смета дека Обама е слаб, а Западот уште послаб. Тој се обложува на своја победа, затоа што другата страна едноставно не сака да се бори. И тој е апсолутно во право!“, смета Силвио Канто, колумнист на американскиот магазин American Thinker, а пренесува „Иносми.ру“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.