Давутоглу: Турција нема намера да се извини за соборувањето на Су-24

Никој нема да се извинува за исполнување на својот долг, изјави премиерот на Турција Ахмет Давутоглу.

Турција нема намера да ѝ се извини на Русија за соборувањето на рускиот су-24 во Сирија, изјави премиерот на земјата Ахмет Давутоглу, пренесува РИА „Новости“.

„Одбраната на нашиот воздушен простор, на копнената граница не е едноставно наше право, туку и наш долг. Никој нема да се извинува за исполнување на својот долг“, изјави Давутоглу за новинарите по средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Односите меѓу двете земји се во криза откако во вторникот, 24 ноември, турски авиони-ловци F-16 соборија руски Су-24 во Сирија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.