Телото на загинатиот во Сирија руски пилот на Су-24 Олег Пешков ќе им биде предадено на 29 ноември на руските дипломати во Турција, изјави аташето за печат на руската амбасада во Анкара Игор Митјаков, пренесува ТАСС.
„Потврдено ни е дека денеска од провинцијата Хатај во Анкара ќе биде доставено телото на херојот на РФ Олег Анатољевич Пешков. Во авионот ќе биде придружуван од военото аташе на амбасадата. На аеродромот во Анкара авионот ќе биде пречекан од амбасадорот на РФ Андреј Карлов и претставници на амбасадата. Датумот и времето на пренесување на телото на пилотот во Русија засега се прецизира“, изјави Митјаков.
Претходно премиерот на Турција Ахмет Давутоглу изјави дека турската страна го земала телото на рускиот пилот и го подготвува за предавање на дипломатите. „Од наша страна е предадено телото на рускиот пилот кој загина во инцидентот со нарушувањето на границата. Ноќеска со помош на православни свештеници кои се наоѓаат во Хатај беа извршени потребните религиозни обреди. Телото на загинатиот на барање на Русија ќе биде предадено на руската страна“, изјави Давутоглу.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче