Давутоглу: Руските изјави не се во склад со политиката на добрососедство

Приоритет на Турција е да ги задржи отворени сите канали за комуникација со Русија, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Анкара смета дека нејзин приоритет во контекст на кризата во односите со Москва по инцидентот со соборениот Су-24 е да ги задржи отворени сите канали за комуникација со Руската Федерација, изјави во неделата премиерот на Турција Ахмет Давутоглу.

„Наш приоритет е да ги задржиме отворени сите канали за врска со Русија“, изјави Давутоглу, пренесува РИА „Новости”

Турскиот премиер додаде дека за Русија економските односи со Турција се исто така важни како и за Турција со Русија.

„Обидите да се префрли одговорноста врз турската страна (за кризата меѓу РФ и Турција) се неадекватни како од гледна точка на меѓународното право, така и од гледна точка на добрососедството и пријателството меѓу РФ и Турција. Ако се бара кој е одговорен, тогаш треба да се почне од земјата која претходно многупати го наруши нашиот воздушен простор. Најновите изјави од руска страна не се во склад со политиката на добрососедство“, изјави Давутоглу.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња