МНР РФ: НАТО повторно почна да ја одвраќа Русија

Алијансата повторно почна со одвраќање на Русија и промена на односот на силите во европскиот регион во своја корист, вклучувајќи ги и оние во непосредна близина на руските граници, се наведува во соопштението на руското МНР.

НАТО повторно почна да ја одвраќа Русија и да го менува односот на силите во Европа во своја корист, соопшти во петокот, 27 ноември, Министерството за надворешни работи на Русија, пренесува РИА „Новости”.

„Сега Алијансата повторно официјално тргна во одвраќање на Русија и промена на односот на силите во европскиот регион во своја корист, вклучувајќи ги и оние во непосредна близина на руските граници”, се наведува во соопштението на МНР РФ кое е подготвено по повод објавувањето во европските медиуми на колумната на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за неопходната обнова на системот за безбедност во Европа.  

Рускиот дипломатски ресор истакнува дека активностите на Алијансата „имаат толку импресивен замав што има сѐ повеќе причини кои наведуваат на прашањето колку е тоа во согласност со обврските од Основниот акт меѓу Русија и НАТО, во делот во кој се вели дека Алијансата нема да распоредува значителни борбени сили“.  

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.